Муцунски: И покрај неправдите посветени сме на ЕУ
Шефот на македонската дипломатија Муцунски во Стразбур на Парламентарното собрание на Советот на Европа, потенцира дека не постои случај во Македонија на дискриминација на бугарско малцинство. Тој порача-соседите да учат од нашата држава како се применуваат пресуди на Европскиот суд за човекови права...

Замислете го разочарувањето кај држава која има направено сè што било побарано од неа само за да и биде кажано дека целта не е на дофат. Шефот на македонската дипломатија Муцунски од Стразбур ги праша европските претставници како да се одржи надежта кога принципите на кои се заснова Европската унија солидарноста, правдата, единството не се применуваат еднакво. Во обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа Муцунски укажа дека државата ги има издржано сите неправди, дури го променила и името, иницирала прашања за идентитетот и историските спорови за да ги исполни барањата, но сето вели министерот за надворешни направило емоционални последици кај македонскиот народ, но и покрај ова тој вели дека нема откажување. Муцунски од говорницата ја потенцираше и важноста од почитување на пресудите од Меѓународниот суд за човекови права.
Говорот на македонскиот министер покрена интерес најмногу кај пратениците, но најбројни беа бугарските кои се интересираа за уставните измени и изградбата на Коридорот 8, добрососедските односи и почитувањето на Договорот од Преспа и Бугарија. Муцунски остро возврати подготвен е да разговара со властите во Софија но врз основа на реципроцитет, праша кој ќе гарантира дека уставните измени ќе бидат последен услов за да станеме полноправна членка во Унијата.
За време на посетата на Стразбур министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаше работни средби со највисоките претставници на советот на Европа, претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос, Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак и со новиот генерален секретар на Совет на Европа, Ален Берсе.
Викторија Милевска
