Книжарница Крамер и Крамер
Сенатори, конгресмени, персоналот од Белата куќа се клиентите во една од најстарите книжарници во Вашингтон, Крамер и Крамер. Најпопуларни книги во Крамер и Крамер се книгите за политички скандали и биографски книги за познати американски политичари, меѓу кои и книга за актуелниот претседател Барак Обама.
„ Имаме политичари што доаѓаат овде. Mногу вработени во Вашингтон, oд генерали до шефови на кабинети во Белата куќа, конгресмени и сенатори.“ - Грег Оберг, вработен во Крамер и Крамер

Книжарницата формирана во 76-та година е првата книжарница што има ресторан и бар во Америка. Овој концепт е направен за да се привлечат млади луѓе и родители со деца коишто можат да дојдат овде и да го поминат времето во читање добра книга.
„Целта на овој концепт книжарница со ресторан и бар е да се направи атмосфера за клиентите да останат што подолго во книжарницата.“ -Грег Оберг-вработен во Крамер и Крамер
На полиците на книжарницата во центарот на Вашингтон има книги за нобеловци, филозофи, научници, автори на патописни книги и многу историски книги.
„Во книжарницата Крамер и Крамер има книги и за Македонија, дури и за Александар Македонски.“
Ирина Гелевска- Постојан дописник за МРТ од Вашингтон