Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Отпочна времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 03.10.2024 година до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
