Македонија

Меџити во посета на Арачиново

04.10.2024 08:19

Меџити денеска ќе го посети Арачиново, каде што ќе врши увид на регулацијата на дел од ободниот канал...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе го посети Арачиново, каде што ќе врши увид на регулацијата на дел од ободниот канал.

Овој канал има улога во заштитата на станбените површини и обработливите површини од поплави во четири општини, Арачиново, Гази Баба, Илинден и Петровец, и е во вкупна должина од 27 километри.