Свет
Силен земјотрес во Романија
04.10.2024 08:49
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Романија...

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во општина Нереж во областа Вранча на длабочина од 104 километри, нешто пред четири и пол часот наутро.
Според граѓаните на Бугарија во ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во оваа земја.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
