Ким Џонг Ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун изјави дека нема да се двоуми да прибегне кон сите расположливи напаѓачки сили, вклучително и нуклеарни, доколку непријателот се обиде да го загрози суверенитет на неговата земја.

Упати критики до јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол за заканите упатени кон Пјонгјанг, тврдејќи дека тие покажуваат кој ја загрозува регионалната безбедност и мирот.
Јужна Кореја претходно ја претстави својата најмоќна балистичка ракета, предупредувајќи го својот сосед дека севернокорејскиот режим ќе биде соборен доколку се обиде да употреби нуклеарно оружје. Коментарите на Џонг-Ун доаѓаат за време на воената обука на специјалните единици.