Зеленски: Украина не може да победи во војната без соодветно оружје
Руските сили напредуваат на украинскиот фронт. Зеленски вели дека неговата земја не може да победи во војната против Русија без соодветно оружје и покрај зголеменото производство во земјата, затоа и е потребна помош од Западот...

Руските сили напредуваат на украинскиот фронт. Додека продолжува војната со дронови и гранати на двете страни, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Гроси изјави дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е многу кревка и постои ризик од катастрофа.
Зеленски вели дека неговата земја не може да победи во војната против Русија без соодветно оружје и покрај зголеменото производство во земјата, затоа и е потребна помош од Западот. На средбата со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, во Киев, ја истакна важноста за поддршката во спроведувањето на договорите.
„Гледаме дека една од главните причини за недостатокот на безбедност на небото на Украина, а особено во близина на границите на НАТО, е отсуството на одлуки за заедничка работа и одбрана. Она што функционира на небото на Блискиот Исток и помага на одбраната на Израел може да функционира и на небото во нашиот дел од Европа“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.
