Трагедија

Малолетник загина во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

04.10.2024 09:17

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово...

15 годишен малолетник од Куманово загина во сообраќајна незгода. Незгодата се случила синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Според информациите на кумановската полиција патничко моторно возило БМВ со албански национални ознаки, и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција. Возачот на патничкото возило бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.