Македонија

ЦУК: Девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир

04.10.2024 10:16

ЦУК потсетува дека пожарот во магацинот во подрумските простории во зграда на улицата „Прохор Пчински“ бр. 136 во скопската општина Чаир е изгаснат вчера, но превентивно сѐ уште на терен дежураат девет пожарникари со три противпожарни возила.

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало 1.743 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112 и 11 пожари на отворено на територија на цела држава, кои се изгаснати.

Од 1.743 повици, „реални“ биле 61,04 отсто, а 38,96 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,04 отсто, кон итната медицинска помош 25,36 отсто, а кон пожарникарите 8,33 отсто од реалните повици кон 112.

ЦУК потсетува дека пожарот во магацинот во подрумските простории во зграда на улицата „Прохор Пчински“ бр. 136 во скопската општина Чаир е изгаснат вчера, но превентивно сѐ уште на терен дежураат девет пожарникари со три противпожарни возила.

Причините за пожарот и висината на направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени, се вели во соопштението.