Регион

Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, има и исчезнати

04.10.2024 10:29

Најмалку пет лица загинаа во силното невреме што ја зафати Босна во текот на ноќта и поплави градови во централниот и јужниот дел на земјата...

Најмалку пет лица загинаа во силното невреме што ја зафати Босна во текот на ноќта и поплави градови во централниот и јужниот дел на земјата.

Спасувачките служби во јужниот град Јабланица пријавија неколку исчезнати лица откако е регистрирано свлечиште и апелираа за помош од волонтерите и војската.

Поради невремето, прекини во струјата имало во текот на ноќта, а неколку патишта биле затворени поради одрони. Под вода се градовите Кисељак, Фојница и Крешево.