Македонија

Минчев на средба со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони

04.10.2024 11:12

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари средба со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Горан Милевски...

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари средба со градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Целта на средбата беше да се разгледаат можностите за соработка со фокус на размена на искуства во јавната администрација, општинската администрација и спроведување на заеднички проекти.

Министерот Минчев го информираше градоначалникот за започнатите реформи во јавната администрација и идните планови за работа на министерството.

Тој ја истакна важноста на регионалната соработка и потребата за ефективна и квалитетна јавна администрација, а со тоа и подобри услуги за граѓаните преку иновации и добри практики.

Градоначалникот Мацедони сподели искуства од реализираните проекти во Ново Место и изрази поддршка за идни иницијативи и соработки со општините од нашата држава.