Енергетика

Божиновска: Владата не плаќала субвенции, тоа што се гледа на сметките е долг кон ЕВН

04.10.2024 12:35

Министерката за енергетика укажа на лошите состојби и рече дека ќе се направи сè што е во нејзина можност грејната сезона да почне без проблеми...

Владата не платила денар за субвенциите за струја. Тоа што се гледало на сметките за електрична енергија е долг од 60 милиони евра кон ЕВН, рече во отчетот за сработеното министерката за енергетика Сања Божиновска.

Таа укажа на лошите состојби и рече дека ќе се направи сè што е во нејзина можност грејната сезона да почне без проблеми.

Струја ќе се набавува на долг рок, а не како што било пракса досега. Владата ќе прави и физибилити студија за изградбата на „Чебрен и Галиште“, најави Божиновска.