Во Прилеп ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица
Ден на жалост во Прилеп. Знамињата на половна копје, откажани сите манифестации по загинувањето на трите медицински лица во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

Ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица, лекарите Александар Ристески, Никола Василески и радиолошкиот техничар Фанче Јованоска.
Знамињата на половина копје, откажани културни и спортски манифестации. Трите медицински лица загинаа одејќи на работното место во битолската болница „Плодност“. Таму се одржа комеморација.
Граѓаните изразуваат сочувство за големата трагедија која, велат, никој не би требало да ја доживее.
Денеска и утре е погребот на загинатите. Тројцата прилепчани загинаа вчера изутрината на патот Прилеп-Битола, на излезот од градот при судир на нивното возило со товарен камион. Од силината на ударот изби пожар.
Извршена е обдукција. Јавниот обвинител нареди и испитување примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.
Елизабета Митреска
