Работничките права – тема на „Текстилијадата“ во Штип
Работник кој е ценет и задоволен на работното место е продуктивен и посветен на работата. Човечкиот потенцијал е најголемиот капитал на секоја компанија. Ова се дел од заклучоците од „Текстилијадата“ во Штип...

Работничките права во дел од текстилните компании и понатаму не се на ниво на кое треба да бидат. Ова е долгогодишен проблем и тема на „Текстилијадата“ во Штип, на која излагање имаше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа ги охрабри стопанствениците да вложуваат во човечкиот потенцијал.
Почитувањето на работничките права и ценењето на трудот ќе резултираат со продуктивност, од што бенефит ќе имаат и компаниите и државата.
И бизнис заедницата е согласна дека работничките права треба да се унапредуваат. Во поглед на актуелните состојби во текстилниот сектор, шансата за пораст на производството ја гледаат во актуелните состојби на Блискиот Исток и привлекувањето на европските партнери кај нас.
Дел од текстилните компании бараат поддршка од државата за вложување во нови технологии како би биле конкуренти на европскиот пазар.
Славица Величковска
