Италија домаќин, почнува финалето на Светската лига
Додека македонските одбојкари се подготвуваат да ја бијат завршната битка за пласман во големото финале на Европската лига против Црна Гора, најдобрите шест светски селекции ги почнуваат настапите на завршниот турнир на годинашната Светска лига, кој ќе се одржи во Фиренца. Првпат по цела деценија Италија доби можност да организира ваков турнир, на кој покрај домаќинот, во “А“ групата се уште и САД и Австралија. Во “Б“ групата се Иран, Русија и Бразил. Според програмата, секојдневно на турнирот ќе се играат по два натперевара, или по еден во секоја од групите.

Денес во првиот натпреварувачки ден на програмата се мечевите Иран – Русија и Италија – САД. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе вкрстуваат по полуфиналето во сабота, а ден потоа победниците од тие дуели ќе играат во финалето. Во минатото вкупно 7 земји се радувале на трофејот во Светската лига, а најуспешен е Бразил со 17 медали, од кои 9 се златни, пред Италија која има 8 победи.