Блиски Исток
Интензивирани нападите меѓу Израел и Хезболах
04.10.2024 20:25
Израел ги засили воздушните напади против лидерите на Хезболах, ајатолахот порача дека Техеран нема да отстапи пред Тел Авив...

Силни експлозии повторно го потресоа Бејрут. Израел ги засили воздушните напади против лидерите на Хезболах. Мета бил и можниот наследник на Хасан Насралах, Хашем Сафиедин. Хезболах обвини за напади врз цивили и за кршење на Меѓународното право.
Во исчекување на одговорот на Тел Авив на иранскиот напад, во Техеран – редок говор на ајатолахот Хаменеи за време на петочната молитва. Тој рече дека Иран и сојузниците нема да се повлечат пред Израел, каде според него има вампирски режим и го оправда ракетниот напад.
Меѓународната заедница повика на дипломатско решение за кризата на Блискиот Исток.
