Расте бројот на загинати во катастрофалните поплави во БиХ
Босна и Херцеговина прогласи вонредна состојба на територијата на тој ентитет, а помош за ранливото население обезбедуваат единиците за цивилна заштита...

Расте бројот на загинати во катастрофалните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина. Десетици сè уште се водат како исчезнати. Силниот дожд и невремето предизвикаа големи поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.
Најтешко е погодена долна Јабланица, каде што отпадот насобран во каменоломот предизвикал лавина која затрупала неколку куќи, по што цели семејства се водат како исчезнати. Владата на федерацијата Босна и Херцеговина прогласи вонредна состојба на територијата на тој ентитет, а помош за ранливото население обезбедуваат единиците за цивилна заштита, вооружените сили на Босна и Херцеговина и припадниците на Еуфор.
И соседна Хрватска издаде предупредување од можни поплави за северниот дел на крајбрежјето, полуостровот Истра и внатрешноста на земјата.
