Невреме

Вчерашниот дожд поплави улици и дворови во Тетово

05.10.2024 10:34

Се испумпувало вода и од неколку куќи, дворови и подруми, како во градот, така и во мала Речица. Метеоролозите и за денеска најавуваат врнежи од дожд....

Силниот и интензивен дожд синоќа направи проблеми и во тетовско. Пожарникарите во Желино интервенирале за да извлечат комби со 11 патници, кое останало заглавено поради насобрана вода кај подвозникот во правец кон Сиричино.

Се испумпувало вода и од неколку куќи, дворови и подруми, како во градот, така и во мала Речица. Метеоролозите и за денеска најавуваат врнежи од дожд.