Дали авторитетот на наставниците во традиционална смисла слабее?
Дали авторитетот на наставниците во традиционална смисла слабее. Учениците денеска се позаштитени отколку пред неколку децении, има низа случаи и на насилство во училиштата. Односот меѓу децата и наставниот кадар доживеа одредени промени со технолошкиот развој – согласни се повеќе фактори...

Односот ученик просветен работник, некогаш и денес. Станува ли најблагородната професија, најнеблагодарна? Го губат ли авторитетот просветните работници кај своите ученици и зошто? На овие теми поразговаравме со едни од најдобрите и наградени просветни работници во земјава од Сојузот на просветни работници.
Просветните работници се прилагодуваат на новите потреби на учениците кои ги наметнува дигиталното време. Велат, потешко е да го задржат авторитетот кај учениците. Но, односот на учениците е рефлексија на домашното воспитување и перцепцијата на родителите за просветните работници.
Од Сојузот на просветни работници велат дека иако сме познати како просветителска држава, просветните работници не се почитуваат доволно.
Министерката Јанева, вели дека повеќе ќе очекува од просветните работници, но и финансиски ќе ги мотивираат како влада за подостоинствен живот.
Александра Велинова
