Нова банка на БРИКС земјите
Лидерите на земјите од групата БРИКС најавија формирање банка за развој во која ќе инвестираат 100 милијарди долари. Ова е прв посериозен обид за редизајнирање на глобалниот финансиски систем во кој доминира западниот капитал.

Банката која ќе финансира инфраструктурни проекти во земјите во развој ќе има седиште во Шангај, а Индија ќе претседава со нејзините операции во првите пет години. Потоа со неа ќе управуваат Бразил и Русија. Договорот падна на Самитот на земјите во забрзан развој БРИКС, каде е решено да се формира валутен резервен фонд од околу 100 милијарди долари кој ќе им помага на земјите кои се соочуваат со краткорочните проблеми со ликвидноста. Банката ќе се вика нова банка за развој, и ќе почне со давање кредити во 2016 година но ќе биде отворена за членство и за други земји. Според договорот капиталниот удел на членките на БРИКС не смее да падне под 55 проценти.
Свето Николовски