Енергетика

Сложени состојби во рудниците на РЕК- Битола

05.10.2024 14:02

Сложените состојби во рудниците на РЕК-Битола ја вклучија и експертската јавност. Преку изработка на нови проекти кои содржат краткорочни и долгорочни мерки се прават напори како поефикасно да се анулираат ридовите со неископана јаловини и што побрзо се дојде до јагленовите откривки за да во текот на грејната сезона колку толку се стабилизира испораката на јаглен до термоелектраните...

Состојбите во рековските копови посебно рудникот Суводел се сложени. Од технички аспект на експлоатација копот се наоѓа во стеснати услови. Според планот и динамиката од важечките рударски проекти недостасуваат огромни количини на неископана јаловина а со тоа и откривка на јаглен, велат анализите на експертите.

Универзитетскиот професор вели се прават нови дополнителни проекти во кој ќе бидат вклучени сите човечки и технички потенцијали како во текот на грејната сезона копот барем малку се стабилизира и зголеми испораката на јаглен.

И за експертите и за новото раководство е несфатливо како било дозволено подолго да не работи БТЕО системот а при тоа набавената рударска опрема со години да не биде монтирана.

Реализацијата на предвидените мерки мора да оди брзо бидејќи во моментов двата рудници испорачуваат нешто повеќе од потребите на една термоелектрана. Остатокот се надополнува од увоз. Состојби кои налагаат неремонтираниот блок еден да се стави во ладна резерва.

 

Стевче Митревски