За 80 проценти зголемена нега за други лица во Прилеп
За пет години, дури за 80 проценти се зголемил бројот на корисници за туѓа нега и помош. Од прилепскиот Центар за социјални работи, надлежен за три општини анализираат: населението старее и е со повеќе болести, а возрасните граници се намалуваат. Покрај деменцијата и Алцхајмер, кај помладите генерации се почести канцерогените и постоперативните заболувања. За психолозите влијае и големиот стрес.

За 80 проценти е зголемен бројот на корисници за помош и туѓа нега. И не само за стари над 65 години. Старосната граница се намалува, заболувањата и кај стари и кај помлади, се зголемуваат. Од 1.800 корисници пред пет години, денес во прилепскиот регион бројката надминува 3.100 граѓани кои без нега и грижа не можат сами да опстојуваат.
И во светот, а и кај нас, населението старее. Македонија е во средината, ама состојбите загрижуваат. Според психолозите, главно, сè се сведува на стресот, темпото на живеење и неможноста за здравствено згрижување.
Поради стареењето се почести се мозочните оштетувања, адаптацијата и социјалната интеграција.
Елизабета Митревска
