АХВ препорача механички да се исчисти филтер станицата и резервоарите во Струмица
Агенцијата за храна и ветеринарство наложи sтрумички Комуналец да изврши механичко чистење на филтрите, резервоарите и главната водоводна мрежа и да ја хиперхлорира бидејќи требало еднаш годишно да ја спроведат ова мерка. Струмица и понатаму е без вода за пиење...

Агенцијата за храна и ветеринарство му наложи на струмички Комуналец да спроведе механичко чистење и хиперхлорирање на водата од целиот систем. Препораката доаѓа откако АХВ изврши инспекциски надзор на филтер станицата, резервоарите и главната водоводна мрежа при што констатирале дека повеќе години не се механички исчистени.
„Со надзорот констатирано е дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеќе години не се механички чистени и хиперхлорирани.Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките“,стои во соопштението од АХВ.
Градоначалникот Костадин Костадинов по вчерашниот прес на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски побара испитување на водата од брана „Турија“ за да се констатира каква вода продава АД Водостопанство.
Водата за пиење која се обезбедува од оваа брана „Турија“ за граѓаните од Струмица, сè уште не е безбедна за пиење.
Ване Трајков
