Израел

Убиен функционер на Хамас

05.10.2024 18:29

Во северен Либан е убиен функционерот на Хамас, Саид Атала Али и неговото семејство. Нападот се случува еден ден откако друг израелски воздушен напад го отсече главниот автопат што го поврзува Либан со Сирија...

Во израелски напад врз бегалски камп во северен Либан е убиен функционерот на Хамас, Саид Атала Али и неговото семејство. Нападот се случува еден ден откако друг израелски воздушен напад го отсече главниот автопат што го поврзува Либан со Сирија. Кампот се наоѓа во близина на северниот град Триполи, нападот е прв од ваков вид откако размената на оган меѓу Израел и Хамас се интензивираше во последните две недели. Израел го засили своето воздушно бомбардирање во Либан, напаѓајќи ги густонаселените области за кои вели дека се дом на команданти на Хезболах и воена опрема.

„Ова е криминално таргетирање на ционистичкиот непријател до логорот Бедави. Тоа беше семеен дом со деца и жена и нашиот брат маченик. Отпорот ќе продолжи, ова е патот за мачениците. Постои непријател кој врши криминални дејствија против нашиот народ“, изјави Јусеф Хамдан - шеф на палестинските фракции во кампот Бедави.