Работниците очекуваат нов закон за работни односи
На последниот ден од „Текстилијадата“ во Штип работничките права беа во фокусот, но се дискутираа и проблеми кои ги засегаат и компаниите. Заклучокот е дека квалитетни закони и функционални институции се неопходни и за заштита на работничките права и за развој на стопанството...

Од актуелната власт големи очекувања имаат и работниците и стопанствениците. Компаниите реагираат на доцнењето на повратот на ДДВ. Директорката на УЈП вели дека се врши контрола на барања од пред четири години.
Работниците од УЈП но и од другите институции бараат ефикасно делување кога се кршат работничките права.
Со години се чека и нов Закон за работни односи. Од Министерството за труд велат дека работат на анализа на нацрт законот.
Проблем е и недостигот работна сила. Агенцијата за вработување изготвува нови активни мерки пред сè насочени кон младите.
Овие прашања беа дел од панел дискусијата на „Текстилијадата“ во Штип.
Славица Величковска
