Скопје

Едно лице е повредено во пукање во Чаир

05.10.2024 21:28

Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А. Б.

Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“, пренесуваат повеќе медиуми.

Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А. Б.

Според информациите повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на престрелката, на раскрсницата меѓу булеварите „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, вечерва се присутни полициски екипи.  Од Министерството за внатрешни работи, сè уште нема потврда за случајот.