Виз Ер Скопски Маратон

Денеска 13.400 натпреварувачи од 55 земји, трчаат на Виз Ер Скопски маратон

06.10.2024 09:25

Одредени улици се целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот...

Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на денеска, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, од утрово од 03:00 часот, важи привремен режим на сообраќај во главниот град.

Одредени улици се целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.

Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски очекува најдобро издание на јубилејната 20. спортска манифестација.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија.