Груевски: Одамна е јасно дека Грција го оспорува нашиот идентитет

16.07.2014 15:38

Груевски, уште еднаш потсети на националните принципиелни ставови...

Премиерот Груевски ја прокоментира изјавата на германската канцеларка Меркел, која смета дека е време да се затвори проблемот околу името со Јужниот сосед, и Макеоднија да стане дел од ЕУ и НАТО. Груевски, уште еднаш потсети на националните принципиелни ставови.

„И мене и на оние коишто добро го следат овој спор одамна ни е јасно дека другата страна уште од самите почетоци практично го оспорува нашиот идентитет. Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед и затоа не би требало  да е нешто ново за нас“, изјави премиерот  Никола Груевски.

Тој потенцира дека на многу наврати и досега кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација.