Паралелки со помалку од 25 ученици во Куманово
Кумановските средни училишта формираа паралелки со помалку од 25 ученика. Ниту најголемата општина во земјава не е имуна на иселувањето....

Продолжува трендот на миграција на населението. Ниту најголемата општина во земјава не е имуна на иселувањето. Во кумановските средни училишта оваа учебна година се формираа паралелки со по 25 ученици, информираат од секторот за образование.
Поради иселувањето гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“ годинава запишаа ученици за по една паралелка помалку.
И во средните стручни училишта состојбата е идентична. Таму помалку ученици во профили од трет степен.
„Три фактори се клучни пад на наталитет, општинска миграција и миграцијата кон западноевропски земји која е во тренд последниве години. Согласно законската регулатива училиштата имаат право да поднесат барање до ресорното министерство за формирање на паралелки под 25 ученици“, изјави раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ.
Според податоците на секторот во одредени стручни училишта во некои насоки имало само по двајца запишани ученици во првиот уписен рок. Сепак има и паралелки со по 35 ученици, како што е информатика, медицина и графички дизајн.
Елена Георгиевска
