Многу апели-малку реализирани решенија порачаа лицата со телесна инвалидност
Досега многу апели-малку реализирани решенија порачаа лицата со телесна инвалидност од традиционалното дефиле по Широк сокак. Неофицијалните сознанија говорат дека бројката на оваа категорија на луѓе е во подем а траумата и церебралната парализа во најголем процент регрутираат нови инвалиди.

И годинава со дефиле по најамбиенталната улица и под мотото „Се движам значи постојам“ лицата со телесна инвалидност со основната цел да се поттикне свеста на надлежните во решавањето на проблемите на оваа категорија на луѓе.
Билјана Тодоровска веќе пет години користи електричен скутер. Вели го олеснува движењето по широк сокак но сè уште не може да ги пробие бариерите по институциите.
Од „Мобилност“ велат најзасегнати се лицата со тежок инвалидитет и оние кои се најактивни во општествениот живот.
Од низа објективни и субјективни причини официјална статистика на овие лица нема иако неформалните сознанија се дека бројката е во подем. Траумата и церебралната парализа во најголем процент регрутираат нови членови.
Стевче Митрески
