Дали се ситни „Европскиот фронт“?
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со директна порака до Али Ахмети – надмини ги дневнопартиските политики и придонеси за државата, а сè што е во интерес на земјата ќе прифатам. Во меѓувреме продолжуваат надмудрувањата во албанскиот политички блок. Од ДУИ тврдат дека коалицијата е стабилна, а Тачи не ги известил дека ги напушта. За вицепремиерот Меџити ова е почеток на крајот на Европскиот фронт.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на ДУИ да ја реформира партијата и да ја надмине теснопартиската политика, го повика да придонесе со предлози и проекти, што ќе бидат прифатени ако значат развој на државата.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи не го известил Европскиот фронт дека ја напушта коалицијата – велат интегративците. Од опозициската ДУИ тврдат – пратеничката група во Собранието функционира во полн состав.
Не се навикнати да бидат опозиција, Европскиот фронт не е основан врз основа на идеолошки вредности, туку само да останат на власт, па можно е да го напуштат и други пратеници со кои контактирал, вели првиот вицепремиер Изет Меџити.
Меџити не се сретнал со Тачи, но вели дека немаат заеднички точки во политиката. Според него, тој секогаш бил на страната на власта, па можеби затоа и го напуштил Европскиот фронт, но засега нема индиции дека ќе се придружи на владејачкото мнозинство. Од ДПА и лидерот Тачи, засега молк.
Ирина Гелевска
