Намалување на воениот буџет на САД
Додека американскиот Конгрес ја почна расправата за буџетот за 2014-та година, воениот врв на Соединетите Американски Држави предупредува на последиците од мерките за штедење. Командантот на американското воено воздухопловство, генерал Марк Велш Трети предупреди дека со намалување на воениот буџет од 12 милијарди долари нема да може да се изведуваат летови во наредните 2 години.

Буџетот за 2014-та година што се најде пред американските конгресмени повторно предвидува мерки за штедење, со што ќе се намалат и средствата за воените сили. Командантот на американското воено воздухопловство генерал Марк Велш Трети предупреди дека намалувањето од 12 милијарди долари до 2023-та, негативно ќе влијае на подготвеноста на американската авијација.
„12 милијарди се многу пари. Ако се одземат 12 милијарди од часовите за летање, ќе мораме да престанеме со летови во наредните две години.“- Генерал Марк Велш Трети
Конгресмените треба да решат дали ќе имаат авијација што е подготвена денес или пак модерна авијација во иднина, вели командантот на американското воено воздухопловство. Авијацијата контролира две третини од нуклеарниот арсенал на Америка и е одговорна за функционирањето на воените сателити и вселенската програма. Со мерките за штедење, ако се одобрат од Конгресот, нема да има модернизација на борбените авиони Ф-35, на бомбардерите и на авионите танкери за гориво КС-46.
„ Во американското воено воздухопловство во моментов има 690000 активни припадници.“
Ирина Гелевска - Постојан дописник за МРТ од Вашингтон