Пукање

Реакции на партиите за инцидентот во Чаир

06.10.2024 17:12

Повреденото 19-годишно момче во вчерашното пукање во скопски Чаир е во стабилна состојба. Пред полицијата го идентификувал лицето кое од возило во движење пукало кон него. се работи на расчистување на случајот. Се истражува и од обвинителството. Случајот предизвика низа партиски реакции и обвинувања за безбедноста на улиците...

Движејќи се по улицата Цветан Димов во скопски Чаир 19-годишно момче било застрелано. Со неколку прострелни рани вчеравечер било примено во Градската болница „Свети Наум Охридски“. Ранетиот во разговор со полицијата кажал дека во него било пукано од лицето Б. Б кое излегло од автомобил марка „пасат“.

Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа див запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Наместо ред и поредок се случува хаос, велат од СДСМ кои побараа министерот за внатрешни да поднесе оставка.

Според ВМРО-ДПМНЕ бандитската љубов и должничко-доверителски однос на врвот на СДС со дилерите рекетарите и убијците датира одамна, а кулминира во 2017-та година. Од владејачката партија бараат СДСМ да се извини на јавноста за соучесништвото во овие ситуации.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, повеќе детали најавија за утрешниот ден.

 

Викторија Милевска