Нов бран измами преку интернет
Пирамидалната измама преку платформата „Конти“ им ја отвори пандорината кутија на многумина кои во трка по дополнителна заработка преку интернет изгубија илјадници евра. По низата реакции на социјалните мрежи сега се појавија низа апликации кои ветуваат одблокирање и враќање на измамените граѓани преку интернет. Услуги се нудат и на социјалната мрежа Фејсбук...

„Дали ве измами интернет измамник? Ви ги враќаме парите за 48 часа. Ве измамил нечесен брокер? Контактирајте го Интерпол и побарајте помош.“ Вакви и слични објави сè се почести деновиве на социјалната мрежа Фејсбук. Отворивме една од нив за да видиме со кого може да контактираме за да прашаме дали навистина ги нудат услугите кои ги објавиле. На Симонс Партнерс контакт телефонот и адресата беа наведени. Отидовме на наведената адреса.
Никој од вработените и оние кои работат до шопинг центарот Сити мол не слушнале ниту виделе дека овде има таква институција.
Откако не успеавме да воспоставиме контакт, отворивме на Вибер апликацијата на која беше поставена фотографија со фудбалери.
МТВ побара информации од МВР. До сега немало пријави за измамени граѓани, но добро е да не биде никој измамен и во иднина. Од тие причини одделот за компјутерски криминал порачува поголема будност, детални проверки на УРЛ линковите.
На објавите многумина веќе коментираат дека ја препознаваат измамата. Згрижувачки е сепак што измамниците постојано ги менуваат формите за да ги натераат луѓето да им поверуваат и повторно да бидат оштетени.
Фиљана Кока
