Една година од нападите на Хамас врз Израел
Додека земјата им оддава почит на жртвите, милитантите од Газа истрелаа неколку ракети. Напади доаѓаат и од либанска страна. Хезболах го погоди северниот израелски град Хаифа. Израел возвраќа со интензивни и смртоносни бомбардирања во Бејрут...

Една година од нападите на Хамас врз Израел, борбите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека земјата им оддава почит на жртвите, милитантите од Газа истрелаа неколку ракети. Напади доаѓаат и од либанска страна. Хезболах го погоди северниот израелски град Хаифа. Израел возвраќа со интензивни и смртоносни бомбардирања во Бејрут. Во посета на војниците на северот, Нетанјаху потсети дека мора да победат.
„Пред една година доживеавме страшен удар. Во изминатите 12 месеци целосно ја менуваме реалноста. Целиот свет е зачуден од ударите што им ги нанесувате на нашите непријатели, а јас ве поздравувам и ви велам: вие сте генерација на победата“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 Израелци, а 250 други беа заложници. Како одговор Израел им објави војна на милитантите во Појасот Газа. Во знак на поддршка на палестинскиот народ, проиранските групи го напаѓаа Израел од повеќе фронтови.
Досега во Газа се убиени речиси 42.000 Палестинци, а околу 2.000 загинаа во Либан во последниот конфликт, повеќето од нив од 23 септември, според либанското Министерство за здравство.
