Најава за нов ИПАРД повик
Платежната агенција најавува нов ИПАРД оглас. На земјоделците и бизнисмените на располагање им стојат субвенции за алтернативно земјоделство, градинки, старечки домови, ветеринарни служби или рурален туризам. Поддршката изнесува 60 проценти од вредноста на инвестицијата …

Алтернативно земјоделско производство и нивни преработки, занаетчиство, домови за стари лица, градинки, ветеринарните служби и руралниот туризам се дејностите кои ќе се субвенционираат во наредниот оглас од ИПАРД 3 програмата. Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на инвестицијата.
Детални информации во врска со критериумите за добивање на финансиската поддршка и висината на средствата заинтересираните можат да ги добијат во платежната агенција.
Помош за изготвување и доставување на апликациите, барателите можат бесплатно да добијат во регионалните центри на советодавната Агенција.
Според ИПАРД правилата пред склучувањето на договорите инвестицијата не треба да биде почната.
Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневниот печат. Потребната документација за подготовка и поднесување на барања ќе ја има на веб-страницата на Агенцијата во периодот до објавувањето на Јавниот повик.
Методија Трајков
