Босна и Херцеговина

Продолжува потрагата по исчезнатите во Долна Јабланица

07.10.2024 08:21

Во расчистување на теренот се приклучија и спасувачки тимови од соседството и од ЕУ. Наспроти напорите за опоравување од поплавите, во земјата се одржаа и локални избори...

Во Долна Јабланица, местото најпогодено од поплавите во Босна и Херцеговина, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Потрагата по исчезнати продолжи додека спасувачите со тешка механизација ги отстрануваат големите наноси земја, кал и камења.

Во расчистување на теренот се приклучија и спасувачки тимови од соседството и од ЕУ. Наспроти напорите за опоравување од поплавите, во земјата се одржаа и локални избори чии конечни резултати ќе бидат објавени кон крајот на неделата.

Во погодените области гласањето ќе се изврши дополнително.