Вонредна состојба во делови на Флорида
На копното веќе се чувствува силниот ветер со јачина од 130 километри на час, а пикот на невремето се очекува меѓу вторник и среда.

Вонредна состојба во делови на Флорида откако бурата Милтон се зајакна во ураган од прва категорија и се очекува да стане закана по живот за западниот брег. На копното веќе се чувствува силниот ветер со јачина од 130 километри на час, а пикот на невремето се очекува меѓу вторник и среда.
„Милтон се очекува да падне на западниот брег на Флорида. Моменталните проценки се во среда околу 17 часот, но сè уште има голема неизвесност околу тоа. Би ги повикал жителите на Флорида да ја сфатат оваа бура многу сериозно“, изјави Рон Де Сантис, гувернер на Флорида.
Милтон доаѓа само 10 дена откако ураганот Хелена го опустоши американскиот југоисток убивајќи најмалку 227 луѓе, додека стотици и натаму се водат за исчезнати. Новиот ураган доаѓа во време кога се проценува дека санирањето на штетите од Хелена може да трае со години.
