Пакистан

Експлозија во близина на меѓународниот аеродром во Карачи

07.10.2024 10:26

Одговорноста за нападот ја презеде сепаратистичката Ослободителна армија на Белуџистан. Милитантната група соопшти дека на мета била група кинески инженери и инвеститори.

Едно лице загина, а десетмина се повредени во силна експлозија во близина на меѓународниот аеродром Џина во пакистанскиот град Карачи.

Одговорноста за нападот ја презеде сепаратистичката Ослободителна армија на Белуџистан. Милитантната група соопшти дека на мета била група кинески инженери и инвеститори.

Пакистанската провинција Белуџистан има богати резерви на природни ресурси, вклучително и гас и минерали, и е клучен дел од проектот вреден повеќе милијарди долари финансиран од Кина.