судство
Одложено рочиштето за двојното увиство
07.10.2024 08:38
Причината е поради тоа што еден од обвинетите сè уште се лекува на Клиниката за неврологија...

Судските рочишта за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 76-годишниот Панче Жежовски, закажани за денеска и за в среда се одложени, процесот ќе продолжи идниот понеделник, информираа од Кривичниот суд. Причината е поради тоа што еден од обвинетите сè уште се лекува на Клиниката за нефрологија.
За двојното убиство првообвинет е Љупчо Палевски, тројца за грабнување, а таткото на Вања се сомничи за помагање. Обвинетите пред судот се изјаснија дека не чуствуваат вина.
