Граничен премин

Официјално почнуваaт активностите на новиот граничен премин со Бугарија

07.10.2024 08:54

Денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија...

Во Берово денеска ќе се одржи настан за официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“, за што се обезбедени средства преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Бугарија, соопшти Царинска управа.

На настанот најавено е обраќање на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Youtube