Тенис
Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг
07.10.2024 09:16
Натпреварот траеше еден час и 17 минути. Гоф е рангирана на шестото место во светот, додека Мухова е на 49. место на ВТА листата. Со триумфот во Пекинг Гоф ја освои осмата титула во кариерата...

Американската тенисерка Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Чешката тенисерка Каролина Мухова со 6:1, 6:3.
Натпреварот траеше еден час и 17 минути. Гоф е рангирана на шестото место во светот, додека Мухова е на 49. место на ВТА листата. Со триумфот во Пекинг Гоф ја освои осмата титула во кариерата.
Со освојувањето на турнирот во главниот град на Кина, американската тенисерка освои парична награда од 1,1 милион долари, како и 1.000 поени за ВТА листата.
Мухова за ВТА листата доби 585.000 долари и 650 поени.
