Фудбал

Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стигна до 600 голови

07.10.2024 09:23

Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот)...

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0).

Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот).

Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стигна до 600 погодоци.

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година. Кристијано Роналдо и Ал-Наср имаат договор до следното лето, но медиумите во Саудиска Арабија пренесуваат дека преговорите за потпишување на нов договор и официјално се започнати.