Влезот на „Mаерск лајн“ ќе ги намали трошоците на фирмите за транспорт до 30%
Наместо три дена, за неколку часа македонските компании ќе можат да ја вршат процедурата увоз- извоз...

Светски познатата бротска компанија „Маерск лајн“ инвестира во Македонија. Овој ланец донесе пониски цени за фирмите од 20 до 30 проценти, скратено време за транспорт на стоката од и до Солунското пристаниште. Наместо три дена, за неколку часа македонските компании ќе можат да ја вршат процедурата увоз- извоз.
„Трошоците што беа досега, да се превземе еден контејнер за извоз или за увоз беше потребно да се оди во Солун, да се донесе назад контејнерот, да се утовари стоката и повторно да се врати во Солун, а тоа траеше околу три дена, сега тоа се прави за неколку часа и трошокот нормално не е ист“, објаснува Методија Сачмарск, заменик генерален менаџер на „Блу Бел“.
Стоките ќе се превземаат од две депоа во Скопје и Гевгелија. Во првите шест месеци за македонските компании ќе можат да ги користат помалите шест метарски контејнери за транспорт на стоката- со тежина од 20 тона.
Андријана Атанасовска
