Економија

ДЗС: Зголемени цени на угостителските услуги

07.10.2024 10:12

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто.