Македонија
Премиерот Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот премиер Вучевиќ
07.10.2024 10:30
Предвидено е да има пленарна средба меѓу делегациите на двете земји, по што ќе следи потпишување Меморандум за соработка меѓу министерствата за енергетика, рударство и минерални суровини...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во официјална посета на Македонија. Со највисоки државни почести го пречека неговиот домаќин, премиерот Христијан Мицкоски, по што во Владата ќе одржат тет-а-тет средба.
Предвидено е да има и пленарна средба меѓу делегациите на двете земји, по што ќе следи потпишување Меморандум за соработка меѓу министерствата за енергетика, рударство и минерални суровини.
Премиерите Мицкоски и Вучевиќ ќе одржат и заедничка прес-конференција
