Украина

Пожар избувна во складиште за нафта во Крим, прогласена вонредна состојба

07.10.2024 11:07

Во инцидентот нема повредени-соопшти локалната самоуправа...

Во Феодосија, на југоисточниот дел на Крим, прогласена вонредна состојба откако пожар избувна во складиште за нафта. Во инцидентот нема повредени-соопшти локалната самоуправа. Киев тврди дека штетата ја предизвикале нивни дронови. Соопштија и дека уништиле десетици руски беспилотни летала во последниот напад од Москва. Русија пак, јавува за пораз на украинските трупи во 15 населени места во Курск. Борби се водат долж линијата на фронтот во Доењцк и Запорожје. Во истовреме, Холандија го испорача првиот контингент авиони ф-16 за Киев.

„Се навршија два месеца од нашите воени операции во регионот Курск. Ова е многу важна фаза од војната. Нешто што многу и помогна на нашата земја, Украинците докажаа дека можат да ја турнат војната во Русија. И со доволна поддршка од нашите партнери, ќе можеме да извршиме притисок на вистински начин“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.