Годинава повисоки плати за наставниците
Финишираат преговорите со Синдикатот за образование и наука и до крајот на неделата ќе биде соопштено за колкав процент ќе пораснат примањата на наставниците...

Министерството за образование ќе најде пари за да ги покачи платите на наставниците. Финишираат преговорите со Синдикатот за образование и наука. До крајот на неделататреба да се знае за колкав процент ќе пораснат примањата на просветарите.
Од СОНК очекуваат повисоките примања просветните работници да ги добијат веќе од идниот месец, а платите да растат континуирано во наредните четири месеци. Покрај покачувањето се очекува МОН и синдикатот да потпишат и колективен договор.
За 7 години 17.000 деца помалку во училиштата, a 3.000 наставници повеќе. Поразителна статистика и со знаењето на македонските ученици на тестирањата. Според Јаневска на децата имаат 900 часови помалку во наставата, а со знаењето се зад нивните врсници од европските држави. Јаневска планира воведување и на целодневна настава.
Светска банка заедно со Министерството ќе анализираат каде ќе треба да се изградат нови објекти, за во сите училишта да биде воведена една смена.
Викторија Милевска
