Добрососедство

Српскиот премиер Вучевиќ во Скопје, потпишан Меморандум за соработка во енергетиката

07.10.2024 13:09

Потпишан е меморандум за соработка во енергетиката. Скопје и Белград ги продлабочуваат билатералните односи. Приоритет – енергетско осамостојување, брза железничка пруга на Коридорот 10, интеграција во ЕУ...

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е во официјална посета на Македонија. Потпишан е меморандум за соработка во енергетиката. Скопје и Белград ги продлабочуваат билатералните односи. Приоритет – енергетско осамостојување, брза железничка пруга на Коридорот 10, интеграција во ЕУ.

„Ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот. Исто така можам да кажам дека зборувавме во делот на енергетското поврзување на двете земји. Посебно ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји“, изјави премиерот Мицкоски.

Марина Стојанова-Тонева ја следеше прес-конференцијата на двајцата премиери, Мицкоски и Вучевиќ.