Се подобрува транспарентноста во јавните набавки
Според Премиерот Груевски овие измени ќе изврши притисок на институциите да има можност на тендер да конкурираат поголем број компании...

Најмалку пет домашни и пет странски компании ќе треба да се јават на јавниот тендер. За да се спроведат јавните набавки тендерската документација ќе треба да ја исполнат 10 понудувачи. Ова се новите измени кои ги подготвува Владата за да се подобри транспарентноста во јавните набавки но и за да се направат заштеди во буџетот.
Со новите законски измени се допрецизираат одговорностите на Советот за јавни набавки. Според Премиерот Груевски овие измени ќе изврши притисок на институциите да има можност на тендер да конкурираат поголем број компании.
Колку е поголема конкурентноста, колку повеќе компании доаѓаат да се натпреваруваат, преку електронското јавно наддавање, толку е поголема шансата цената да падне. Ако имате една, две или три, можеби ќе падне цената, но не многу. Ако имате пет, седум или десет, веројатноста да падне цената е уште поголема“, изјави премиерот Никола Груевски.
Со Законот одредени јавни набавки во режимот на електорнско јавно наддавање се ставаат набавки кои досега не биле вклучени.
Досега направените измени имаат за цел заштита на компаниите, елиминација на можноста за изигрување на законите, договарања и манипулации, против правно постапување на штета на средствата на буџетот и граѓаните.
Дијана Ценевска
